На Самитот во Софија му се заканува дебакл поради Косово

БОН (Дојче Веле) - ЕУ се обидува со дипломатски финеси да спречи фијаско на Самитот за Западен Балкан, кој неделава треба да се одржи во Софија. Во моментов, сите сигнали упатуваат на можна конфронтација, оценува агенцијата ДПА.

Кавгата околу статусот на Косово ги засенува подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан. Проблемот е во тоа што пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година и сакаат тоа јасно да го стават до знаење и на Самитот во Софија. Ништо не смее да биде интерпретирано на начин кој би укажувал дека независноста на Косово е општо прифатена.

За да го истурка Самитот според првичниот план, ЕУ сега се обидува да го реши проблемот со дипломатски акробации. Па така, во завршната декларација од состанокот ќе треба да се говори за „партнери од Западниот Балкан“, а не за „држави од Западниот Балкан“, дознава германската агенција ДПА, од извори во ЕУ.

Дополнително, местата одредени за шефовите на држави или влади ќе бидат одбележани со нивните лични имиња, а не со имињата на државите кои ги претставуваат.

Со ваквите решенија, организаторите се надеваат дека ќе успеат да го спречат најавениот бојкот на земји како Грција, Романија, Кипар и Словачка, кои не ја признаваат независноста на Косово. Шпанскиот премиер Мануел Рахој, според најавите на дипломати, веќе решил да не учествува на Самитот.

Во Мадрид велат дека Рахој не сака да дозволи да биде фотографиран во близина на косовскиот претседател, поради проблемите со сепаратистичкото движење во Каталонија.

Според изворите на ДПА, од самитот не се очекуваат никакви конкретни резултати. Речиси е исклучено дека државите од Западниот Балкан од шефовите на држави или влади на ЕУ би можеле да добијат конкретно ветување за влез во ЕУ.

Европската Комисија во својата неодамна објавена Стратегија ја наведе 2025 година како можен датум за прием на земји од Западниот Балкан, но веднаш се соочи со остри критики. Критичарите сметаат дека овие земји се многу далеку од исполнување на критериумите за влез во ЕУ.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Регион

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе