На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

– По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрага. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

Кутиров напомена дека во 2022 година се забележува двојно зголемување на бројот на случаи на спречување на недозволена трговија по сите категории, во однос на 2021 година.

– Споредено со 2021 година кога имало 58 случаи на заплени, минатата година се евидентирани вкупно 114 случаи на над 8 тони дроги и психотропни супстанци, како и заплена на девизи, злато и акцизна стока во вредност од над 2 милиониа евра. Од нив, во 5 случаи се запленети 33,8 килограми злато, со проценета вредност од околу 1,5 милиони евра. Златото е предадено на Агенцијата за управување со одземен имот, која понатаму го депонира во Народната банка до правосилно завршување на судската постапка, рече Кутиров.

Како што информираше таа, од почетокот на оваа година имало вкупно 18 случаи на спречување на недозволена трговија во повеќе категории, меѓу кои два случаја со околу 50 килограми запленети дроги и психотропни супстанци, 9 случаи со заплена на акцизни стоки, тутун и преработки од тутун, електронски цигари и тутун за наргиле, 3 случаи на заплени на девизи во вкупен износ од над 90 илјади евра, како и 2 случаја на заплена на злато, вклучувајќи го и овој денес, со вкупна проценета вредност од над 2,3 милиони евра.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Хроника

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Read more

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Read more

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Read more

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Read more
 

Вести

  • filter

ОН ја објави листата на топ 10 најнаселени градови во светот за 2023 година

Читај повеќе

АХВ: Нема ниту една увозна пратка со домати позитивна на пестициди

Читај повеќе

Дадилката на Коста – клучен сведок во случајот со масакрот во „Рибникар“, пишуваат српските медиуми

Читај повеќе

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе