На свој начин, Мурињо емотивно се прости од Рома

Жозе Мурињо си замина без да има време како човек да се прости од навивачите на Рома. Во вторникот клубот брзо реши да го замени и потоа уште побрзо му најде замена во Даниеле де Роси, а Португалецот мораше да ги спакува куферите и да го напушти „Олимпико“.

При неговото заминување од клубот, некои навивачи го пресретнаа автомобилот во кој се наоѓаше и го скандираа неговото име и со тоа му дадоа поддршка на тренерот кој на овој клуб му го донесе единствениот европски трофеј во историјата - титулата во Европа конференциската лига пред две години. Од објавените видеа се гледа дека Португалецот во таа прилика за малку не заплака.

URL

Мурињо ја немаше вообичаената прес-конференција, ниту разговараше со италијанските новинари, туку се обрати до јавноста преку социјалните мрежи.

Сега веќе екс тренерот на клубот од Рим објави серија свои фотографии од времето во Рома и со нив остави коментар:

„Пот, крв, солзи, радост, тага, љубов, браќа, историја, срце, вечност“.

Жозе Мурињо дојде во Рома во мај 2021 година и оттогаш го предводеше поранешниот шампион на Италија на 138 официјални натпревари на кои забележа 68 победи, 39 порази и 31 нерешена.

Клубот од главниот град на Италија моментално се наоѓа на разочарувачкото деветто место на табелата во Серија А со само 29 освоени бодови од 20 одиграни натпревари. Лошиот пласман, како и испаѓањето од Копа Италија од лутиот ривал Лацио се причините за разделбата со Мурињо.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе