Италијанскиот клуб Милан не е веќе единствениот непоразен тим во петте најјаки лиги во Европа по поразот од Јувентус, но уште има големи шанси да го освои Скудето.
Отсуството на Златан Ибрахимовиќ се чувствуваше како во играта, така и во куражот на „росонерите“.
Ибрахимовиќ се повреди на 22 ноември на натпреварот против Наполи кога постигна два гола во победата од 3:1. Иако се очекуваше да се врати на теренот пред Божик против Сасуоло, Ибрахимовиќ заработи нова повреда и заздравувањето траеше дополнителни 15 дена.
Иако Ибра ги заинтригира навивачите дека ќе игра против Јуве, тоа не се случи, но сега Милан објави видео на кое се гледа дека 39-годишниот Швеѓанец се вратил на тренинзи со тимот и дека интензивно се подготвува за камбек.