На Украинец му се расипа тенкот, па се јави во руски институт да побара помош

Макфакс
/ 03.10.2023 / 10:17

Од почетокот на руската инвазија на Украина, околу 200 руски тенкови Т-72Б3 паднаа во рацете на украинската армија. Овој тенк, произведен од Уралвагонзавод од Нижни Тагил, е еден од поновите руски тенкови.

Со овој модел на тенк, за разлика од на пример Т-64БВ, Т-80У или Т-72АМТ, Украинците немаат големо искуство. Кога локалните експерти наишле на проблеми кои не можеле веднаш да ги решат, украинскиот војник со прекар Кочевник решил да ја повика техничката поддршка на Уралвагонзавод.

Снимка од повиците на Кочевник објави Militarnyi Videonews, украински канал кој емитува вести за војната.

Кочевник служи во 54. механизирана бригада на украинската армија, која се бори околу Краматорск во Источна Украина и користи претежно опрема од советската ера, вклучувајќи тенкови Т-64 и борбени возила БМП. Таа поседува и дел од заробените руски тенкови Т-72Б3, пишува Форбс.

Кочевник најмногу ги тролаше Русите, но неговите замерки за тенкот од 45 тони беа реални. Од резервоарот течеше масло, компресорите не работеа, а електричниот механизам за вртење на куполата откажуваше, поради што екипажот беше принуден рачно да ја ротира куполата.

Оваа листа на дефекти може да укаже на неконзистентна изработка во фабриките на Уралвагонзавод.

Русин, кој се претставил како Александр Анатолијевич, кој очигледно не знаел дека Кочевник е украински војник, ветил дека ќе испрати список со проблеми до проектната канцеларија во Нижни Тагил, а исто така ќе контактира со производителот на мотори во Челјабинск.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе