Над 1.000 мртви и речиси 20.000 заразени со COVID-19 во Шпанија

Владата на Шпанија денеска донесе одлука за затворање на сите хотели и хостели во земјата, во обид да го запре ширењето на коронавирусот, од кој досега во таа земја починаа 1.002 граѓани, а 19.980 се заразени.

Сите хотели мора да ги заклучат вратите откако ќе заминат и последните клиенти кои се таму, најдоцна во рок од една недела.

„Собирањето луѓе во туристички сместувачки места, каде користат заеднички простории, го зголемува ризикот од зараза, па затоа е неопходно да се спречат луѓето да се движат таму. За да се спречи ширењето на вирусот, ние за јавноста ги затвораме ваквите објекти”, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Затворањето на хотелите ќе биде нов удар за економијата, зависна од туризмот. Плажите се затворени од неделата, при што полицијата ги предупредува туристите да се вратат во хотелите преку разглас на англиски јазик.

Се очекува во главниот град на Шпанија осум од десет луѓе да бидат позитивни на новиот коронавирус“, изјави Изабел Диза Ајусо, претседателка на регионот на Мадрид.

Таа вели дека повеќето ќе имаат благи симптоми, но дека болеста ќе биде проблем за ранливата категорија луѓе кои се 15% од населението, пренесе CNN.

„Овој вирус веќе подолго време се наоѓа во Шпанија и практично скоро сите ќе го имаат. Кај повеќето нема да остави видливи траги, но проблем е ранливата популација“, изјави градоначалничката.

Таа болеста ја нарече смртоносна за постарите луѓе кои имаат здравствени проблеми и вели дека тие во период од 24 до 48 часа од заболувањето можат да починат.

Колку е лоша ситуацијата во Европа? Бројката на луѓе починати од вирусот во Италија за еден ден се искачи на 475, а скоро 3.000 се починати во Италија. Во земјата има 35.713 потврдени случаи и повеќе од 4.000 закрепнати. Италија е најлошо погодена земја по Кина.

Во Франција бројката е 7.730 заразени и 175 смртни случаи. Во Обединетото Кралство има 104 смртни случаи. Во Германија има 12 смртни случаи и 8.198 заразени. Во Белгија 14 смртни случаи и 1.486 заразени, пренесе BBC.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе