Нагорно-Карабах: Се бројат жртви додека Азербејџан и Ерменија се обвинуваат за кршење на примирјето

Конфликтот во Нагорно-Карабах зема сè повеќе жртви секој следен ден. Војната меѓу Ерменија и Азербејџан влезе во 17-тиот ден.

Официјални службеници на самопрогласената република Арцах објавија дека биле убиени уште 17 ерменски војници.

Ерменските медиуми објавија фотографии од разурнатиот град и уништени куќи.

URL
Ерменија ги негира обвинувањата за Азербејџан

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан ги негираше изјавите на Баку дека ерменските сили гранатирале азербејџански територии.

„Целосно ги негираме обвинувањата на Министерството за одбрана на Азербејџан против Ерменија за гранатирање во правец кон регионот Тертер. Со овие лажни информации, азербејџанската страна подготвува терен за агресивни акции против мирни населби“, напиша Степанјан на Facebook.

URL

Според неа, изјавата за гранатирање на азербејџанскиот регион Агџабеди е исто така неточна, пренесува руски Спутник.

„Ерменската страна го почитува режимот на хуманитарен прекин на огнот, а Азербејџан со офанзивни активности го крши овој режим“, истакна портпаролката.

URL
Азербејџан: Ерменија го крши примирјето

Азербејџанското Министерство за одбрана објави дека Ерменија е таа која го крши хуманитарното примирје во четири области во близина на Нагорно-Карабах.

„Ерменските вооружени сили, грубо кршејќи го режимот на хуманитарно примирје, ги гранатираат териториите на регионите Горанбој, Тертер и Агдам“, се вели во прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан.

URL

Од Министерството во Баку подоцна соопштија дека ерменските сили го гранатираат регионот Агџабеди, но исто така и дека азербејџанските сили уништиле три ракетни лансери BM-21 Grad, еден противвоздушен ракетен систем TOR-М2КМ, 3 беспилотни летала и неколку парчиња друго оружје на ерменските сили.

Убиени повеќе од 500 ерменски војници

Вкупно 542 ерменски војници загинаа од избувнување на вооружени конфликти на 27 септември, соопштија денеска официјални лица на самопрогласената република Арцах.

Во наизменичните судири што избувнуваат во Нагорно-Карабах од 1990 година наваму, загинале околу 30.000 луѓе, се вели во извештајот на руската агенција Интефакс, пренесува Reuters.

URL

09:32 часот

Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека нивните сили го почитуваат примирјето и не вршат офанзивни напади или пукања.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе