Најчестите фитнес грешки поради кои не постигнувате резултати

Дали знаете дека доколку не јадете доволно може да се дебелеете. Луѓето се различни и нашите тела поинаку реагираат на многубројни фактори.

Тренирате, се придржувате кон диети и на крај не постигнувате резултат - јасно е дека некоја од диетите влијае негативно на вашиот процес на слабеење.

Некои луѓе ќе постигнат одлични резултати доколку не послушаат ниту еден совет од оваа листа. Но, на некои овие совети ќе им бидат корисни. Секое тело е различно, па затоа треба да научите да го следите она што ви го порачува.

Ова се некои лоши навики коишто ви штетат и кои треба да ги елиминирате доколку не забележувате резултати.

Броење калории или користење на апликации за следење на оброците

Јадете исхрана од билно потекло. Исфрлете ја преработената храна од вашата исхрана и фокусирајте се на свежото овошје, јаткастите плодови и риба. Јадете паметно и свесно. Кога сте гладни, јадете и научете да ги препознаете сигналите на вашето тело кое ви кажува кога му е доста. Престанете со јадење кога ќе почнете да се чувствувате непријатно или мачно. Пијте многу вода. Кога ќе ги сфатите бенефитите на здравата исхрана, ќе се пренасочите кон изборот на квалитетна храна наместо броење на калории.

Користење на уреди за следење на трошење калории

Верувале или не, мускулите и понатаму се користат а маснотиите и понатаму се топат иако не користите апликација за да ви го потврди тоа. Кога ќе стекнете општа слика за тоа како тренирате, посветето го вашето внимание на тренингот.

Исто така, овие уреди се често бескорисни и неточни, особено доколку практикувате HIIT тренинг и кревање тегови. Доколку веќе со месеци ја користите оваа технологија и не забележувате резултати, бидете уште повеќе активни - користете скали наместо лифт, пешачете, правете почести паузи на работа.

Секојдневно мерење

Oва не е многу паметен чекор бидејќи телесната тежина постојано варира и на дневно ниво. Поради тоа, доколку се мерите секојдневно, непотребно ќе трошите енергија во разочарување. Опуштете се, тренирајте и ќе забележите резултати.

Вежбате повеќе од 8 часа неделно

Доколку вежбате повеќе од 8 часа неделно и не забележувате резултати, голема е веројатноста дека некаде грешите. Честата грешка која ја правите при тренирање е практикување на кардио или премногу HIIT тренинг. Прекумерниот кардио тренинг може негативно да влијае на метаболизмот, а HIIT тренингот не треба да се практикува повеќе од трипати неделно.

Строга диета

Дали знаете дека недоволниот внес на храна може да предизвика дебелеење? Како и останатите ставки на листата и оваа е комплицирана и може да зависи од повеќе причини, но драстичното намалување на калориите може да направи вашето тело да мисли дека е во опасност. Со тоа, вашето тело ќе се обиде да задржи што повеќе масти а овој процес го успорува метаболизмот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе