Најчестите грешки кои можат да ви го нарушат здравјето по 40-тата година

Откако ќе наполните 40 години време е да се откажете од одредени животни навики и внесете нови за да го сочувате здравјето.

Прочитајте што советуваат експертите кога станува збор за здравјето по 40-тата година:

Хормоните се важен фактор

„Како што старееме, така сите минуваме низ хормонски промени, а тоа може да влијае на метаболизмот и начинот на кој нашето тело произведува и троши енергија“, објаснува нутриционистот Изабел Смит.

Таа додава дека резултат може да биде таложење масни наслаги во пределот на стомакот.

Консултација со доктор пред користење додатоци во исхраната

Ако размислувате за додатоци во вид на витамин Д, паметно би било првин да го проверите нивото на витамин Д во вашиот организам.

Веројатно премногу пиете кафе

Ако саката да знаете кое е идеалното време да намалите кафе, веројатно ви е јасен одговорот. Смит советува една шолја кафе на ден и ништо повеќе од тоа. Премногу кофеин може да предизвика несоница и нервоза.

Внимавајте што јадете

Една од најголемите промени во овие години е во метаболизмот и начинот на кој нашето тело ги процесира калориите. Факт е дека метаболизмот е побавен.

Јадете повеќе зеленчук и овошје за да внесувате доволно антиоксиданси.

 

Јадете по малку во текот на целиот ден

Не само што е важно да појадувате за да го поттикнете метаболизмот, туку е потребно и нешто да грицкате во текот на денот.

Експертите советуваат да јадете на секои четири или шест часа за да му дадете доволно енергија на телото, а тоа може да помогне во согорувањето калории.

Секој ден внесувајте омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се корисни за целото здравје. Ако го зголемите внесувањето на омега-3 масните киселини, зглобовите помалку ќе ве болат.

Внимавајте како се движите

Можеби ви изгледа дека ќе мора да ги заборавите вежбите кои сте ги правеле во последните 20 години, но не мора да биде така. Само треба да ја модифицирате програмата.

Најдете неколку забавни активности и уживајте во нив. Можеби денес повеќе не можете да трчате пет километри секој ден, но можете да возите велосипед или да пешачете.

 

Не одложувајте лекарски посети

Многу е важно во овие години, посебно ако постојат одредени болести во семејството, редовно да одите на лекар. Слушајте го вашето тело ако некаде ве боли, не ги игнорирајте симптомите и посетете доктор.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе