Најчудните работи кои ги прават патниците само за да заштедат пари

При изборот на дестинации за патување најчесто не „попречува“ не баш високиот буџет кој ни е на располагање, што дефинитивно влијае при донесување на многу други одлуки, кога станува збор за патувања.

Корисниците на „Reddit“ ги споделија најчудните или најглупавите работи кои ги направиле за да избегнат плаќање на патување.

Иако во коментарите можеа да се прочитаат најразлични искуства, можеше да се забележат многу трикови за оние чиј буџет бил ограничен, а патувањата луксузни.

„Преноќување на автобуска или железничка станица наместо резервирање на сместување“, гласи еден од коментарите.

Оние кои имаат закажан приватен лет во раните утрински часови, им се советува ноќ претходно да се сместат во столче на аеродромот за да избегнат плаќање на преноќување во хотел поради период од само неколку часа.

„Јас користев теретана за вежбање, но и бесплатно туширање после ноќен лет до Чикаго. Мојот следен лет беше во 15 часот и не сакав да трошам пари на изнајмување на соба за само неколку часа. Цената за дневен престој во теретана во центарот на градот ме чинеше 10 долари“, пишува еден снаодлив корисник на „Reddit“.

Некои како свое искуство пренесуваат дека ја користеле и можноста да облечат неколку работи во исто време, само за да избегнат плаќање на поголем багаж на аеродромите.

Патниците кои штедат при патување, обично тоа го прават штедејќи на храна.

Многумина напишале дека на плажите во Тајланд собирале кокоси за да не мораат да купуваат храна, склопувале пријателства со локални жители за да јадат во нивни домови или преживувале хранејќи се строго со ориз и грав од кујната во хостелите каде биле сместени.

Некои од нив заштедувале и на превоз по градот, па одбирале повеќечасовно пешачење наместо да плаќаат за превоз.

„Одев по 20 километри за да заштедам 5,5 евра“, пишува еден од корисниците на оваа мрежа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе