Најдобар партнер во диети, кој воедно е чувар на здравјето

Јогуртот содржи протеини кои ја зголемуваат силата, како и калциум, кој ги зајакнува коските. Чашка јогурт дневно ве држи подалеку од докторите, но тој има и уште една многу важна функција: Помага во губењето на вишокот килограми.

Здравата храна обезбедува поголема отпорност кон болестите, а со редовно внесување на ферментирани производи кои содржат пробиотици, може да се воспостави правилна работа на организмот, а со самото тоа ќе се избегне и проблемот со дебелината, кој последните неколку години ги погодува сите жители ширум светот.

Јогуртот со пробоиотици е најдобар начин преку уживање во вкусот на омилената храна да го забрзате својот метаболизам.

Јогурт за рамен стомак

Само 500 грама јогурт дневно може да ви помогне да ги облечете омилените панталони. Луѓето кои во текот на својата диета секојдневно консумирале јогурт со умерена рестрикција на калории, загубиле 22 отсто повеќе килограми. И не само тоа, имале за 81 отсто порамен стомак, од луѓето кои не консумирале јогурт за време на диета, покажале резултати од истражување на Универзитет во Тенеси. Мастите кои ни отежнуваат да имаме рамен стомак се главен произведувач на кортизол, хормон на стрес кој прави да се прејадуваме. Штом ќе се напиете чашка јогурт, калциумот сигнализира мастите да почнат со исфрлување на кортизол, со што се олеснува губењето на килограми.

Метаболизам кој работи како швајцарски часовник

Функционалниот јогурт содржи пробиотици, корисни бактерии кои живеат во дигестивниот тракт и кои помагаат во гушењето на штетни микроорганизми, кои можат да предизвикаат бројни инфекции на цревата. Покрај тоа што го зајакнува имунитетот, јогуртот го регулира и варењето, што е од клучно значење за губењето на килограми и за активен метаболизам.

После тренинг сте како нови

Со идеален однос на протеини и јаглен хидрати, јогуртот е одлична храна која би требало да ја консумирате после тренинг. Совршено време за консумирање на јогурт е во рок од 60 минути после вежбање. Зошто е тоа така? Протеините обезбедуваат аминокиселини кои мускулите мораат да ги надоместат, а јаглен хидратите ги заменуваат резервите на енергија кои се исцрпени после напорен тренинг. Исто така, протеините во јогуртот ја зголемуваат количината на вода која ја апсорбираат цревата, на тој начин подобрувајќи ја хидратацијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе