Најдобрите фудбалери кои не играат за своите национални тимови

Кај некои фудбалери талентот е очигледен, но понекогаш е потребно повеќе од само талент за да се настапува за националниот тим. Овие неколку играчи, од една или од друга причина, не играат за своите национални тимови, иако би можеле да понудат многу.

Овие играчи имаат и повеќе од доволно талент за да бидат дел од нивните национални тимови, но различни ситуации ги спречуваат да го облечат дресот на својата земја. Некои од нив се оневозможени поради лоши односи со селекторот, некои други пак, едноставно не можат да се пробијат низ големата конкуренција.

Самир Хандановиќ

Хандановиќ е голман на Интер и сѐ уште се наоѓа во одлична форма, земајќи во предвид дека ги достигна идеалните години за голман (33), но тој веќе две години не настапува за родната Словенија. Причината за тоа е, секако, Јан Облак. Младиот голман на Атлетико Мадрид е толку добар, што Хандановиќ реши целосно да му ги препушти ракавиците во словенечкиот национален дрес. Хандановиќ се пензионираше од националниот тим по своја иницијатива, а неговиот брат, Јасмин, сега е втор голман на репрезентацијата.

Златан Ибрахимовиќ

Еден од најдобрите фудбалери во последните петнаесетина години, Златан Ибрахимовиќ, повеќе не е член на националниот тим на Шведска. И тој, исто како и Хандановиќ, ја направи оваа одлука за да им даде шанса на младите играчи кои се борат за место во дресот на оваа скандинавска земја. Младите сили ги оправдаа очекувањата на најголемиот шведски фудбалер на сите времиња и се пласираа на Светското првенство кое ќе се одржи 2018 година во Русија. Но, фудбалската магија на Златан Ибрахимовиќ ќе им фали на сите љубители на убавиот фудбал.

Гонзало Игуаин

Одличен напаѓач со око за гол. Така би го опишале аргентинскиот напаѓач кој настапува во редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин. Но, изгледа дека головите кои Игуаин ги постигнува во изобилство во клупскиот дрес сепак не се доволни за да му обезбедат настап за репрезентацијата на Аргентина. Тој беше стандарден член на сите големи натпреварувања досега, но по огромните промашувања на најголемата сцена (СП, Копа Америка) домашните фанови и селекторот Сампаоли се свртеа против него, па тој не беше повикан за последните неколку натпревари на Аргентина. Постоеја и шпекулации дека Меси не е фан на Игуаин, па затоа тој не е повикан во селекцијата, но, остануваат уште неколку месеци до СП во Русија за да видиме дали опасниот напаѓач на Јувентус ќе успее да обезбеди место на авионот.

Андре Пјер-Жињак

Жињак беше еден од најопасните напаѓачи во француската прва лига, а тоа продолжи да биде тренд и во мексиканската лига, каде што сега настапува за тимот на Тигрес. Во неполни три години тој постигна 67 гола, а претходно во француската лига имаше постигнато 130 голови играјќи за Лориен, Тулуз и Марсеј. Но, преголемата конкуренција во националниот состав на Франција (Фекир, Гриезман, Мбапе, Лаказет, Марсијал) го оддалечува Жињак од настап за репрезентацијата. Тој досега има 36 настапи и 7 гола за Франција, но нема настап во националниот дрес од октомври 2016 година.

Карим Бензема/Метју Валбуена

Уште двајца французи на листата на играчи кои веројатно ќе го пропуштат СП во Русија. Карим Бензема и Метју Валбуена имаат скандал кој трае веќе подолго време, а во центарот на сето тоа е една секс-снимка, за која вината ќе мора да ја преземат двајцата. Француската федерација ги суспендираше двајцата играчи, а Дешамп му даде до знаење на Бензема дека нема да настапи во националниот дрес додека тој е селектор. Мали се шансите дека оваа ситуација ќе се реши до почетокот на СП 2018, така што веројатно нема да ги гледаме овие двајцата одлични играчи во синиот национален дрес на Франција.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе