Најдобрите начини за опуштање по напорен ден - според нутриционист

Знаеме дека изминативе две години имаа големи влијание врз сите нас, а немал број на млади луѓе поголемиот дел од времето се бори со стрес. Така, знаеме дека стресот делува на нашиот сон, здравјето на дигестивниот систем и телесната тежина, покрај бројните аспекти од нашиот живот.

За најдобро да го искористиме времето кое го имаме за себе, нутриционистката Феј Џејмс нуди некои начини за опуштање:

Јога

Малку јога и истегнување помага да се ослободите од напнатоста. Кратки рутински излегувања на сонце, ориентација на колковите, глутеалните мускули и грбот доста ќе ви помогнат.

Медитација

10-минутна медитација за смирување на мислите и концентрацијата на дишење е добар почеток. Седнете на некое мирно место, на пример на тераса, испразнете ги мислите и исклучете се.

Вечера

Вечерајте лесна храна за вашето тело да нема проблеми да го свари последниот оброк. Ако јадете претежок оброк за вечера, тоа ќе го поремети вашиот сон, што потоа влијае на зголемен стрес.

Алкохол

Избегнувајте алкохол барем 4 часа пред спиење за да немате пореметувања во спиењето. Истражувањата покажуваат дека алкохолот може да има значително влијание врз квалитетот на сонот.

Распоред

Немојте да јадете по 7 часот навечер за на телото да му дадете доволно време да ја свари храната пред легнување и за да имате најмалку 12 часа пост до наредното утро. Истражувањата покажуваат дека повремениот пост помага во одржувањето на здравјето на дигестивниот систем.

Бањање

Топло бањање со магнезиумови соли и масло од лаванда помага да се намалат болките во телото. Воедно, овие две состојки делуваат и антистресно.

Чај

Испијте шолја чај за опуштање, по можност од лимон, камилица или лаванда. Овие ароми му помагаат на телото да се смири и опушти.

Технологија

Сите електронски апарати ставете ги на страна барем 2 часа пред спиење за да можете да се тргнете од друштвените мрежи и вести. Премногу инмформации од таквите извори поттикнува стрес и анксиозност.

Магнезиум

Лосион за тело со магнезиум и лаванда е добра опција пред спиење. Лесно ќе потонете во сон.

Дишење

Длабоко вдишете и размислете за сѐ она за што сте благодарни во животот. Благодарноста помага да добиеме перцепција за приоритетите, а така полесно ќе се одбраните од грижите кои ве мачат.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе