Најголем раст на новозаболени од COVID-19 кај младите од 20 до 29 години

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од COVID-19.

Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години.

Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на COVID-19.

Со ова, вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298. Бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159. Има вкупно 6.875 активни случаи.

Најголемо зголемување на новозаболени за периодот од 25 до 31 октомври има во возрасната група од 20-29 години, а тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20.976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.519 (54,2 отсто) лица од женски и 1.285 (45,8 отсто) од машки пол.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје – 18.

Најмногу од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години – 5, од 40 до 49 години – 5, од 30 до 39 години – 2 и од 10 до 19 години – едно лице.

Со статус оздравени се стекнале 2.205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Заклучно со 31 октомври, вакцинирани се вкупно 812.422 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани, со две дози, се вкупно 778.599 лица, а со трета доза се вакцинирани 30.851 лица.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе