Најголемата грешка при носењето заштитна маска

Носењето заштитна маска во јавност помага во спречувањето на ширење на коронавирусот, но некои луѓе сепак имаат проблеми со нејзината употреба. Ја носат, но со неа ја прекриваат само устата, но не и носот.

Угледен германски виролог истакнува дека таквото користење нема никаква смисла.

„Ако носот остане откриен, честичките имаат директен пат до организмот и тоа е исто како да воопшто не носите маска“, вели д-р Јонас Шмит-Чанасит.

Додава дека целта на заштитната маска е да ги задржи честичките кои нејзиниот носител ги испраќа кога зборува, кашла или кива. Со тоа, другиот е заштитен од зараза. До одредена мера маската го штити и носачот од вдишување на туѓите честички.

Но, ако носот остане откриен, честичките имаат директен пат. Правилно е маската да не ја допирате со раце и да ја користите единствено со помош на лентичките за ставање или вадење.

Добро е да ја носите маската кога сте во близина на други луѓе подолго време, на пример во автобус. Можноста за зараза не е толку веројатна ако сте покрај некого во текот на пократко време.

„Десет до 15 минути, тоа е критичната точка“, вели докторот.

На многу места носењето заштитна маска е задолжително. Но, германскиот виролог вели дека и со маска треба да држиме физичка дистанца, бидејќи маските не ги носиме доволно цврсто за да нè заштитат од аеросолите, уште помали честички во воздухот кои лесно можат да дојдат до устата и од страничните отвори.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе