Најголемата слабост на Тито – сите жени на југословенскиот лидер: Пелагија Белоусова

Лидерот на социјалистичка Југославија имаше една најголема слабост, а тоа беа жените, како во младоста, така и во зрели години. Во текот на неговиот живот, Јосип Броз Тито имал пет жени, а со нив само двајца синови, Жарко и Миша.

Тито беше фасцинантна личност од многу аспекти и медиумите и издавачките куќи на просторите на поранешна Југославија со години по неговата смрт се занимаваа со животот на лидерот „зад завесата“.

Во книгите објавувани за него се спомнувани имиња на десетици љубовници. За некои од нив има докази и сведочења што ги поткрепуваат тврдењата. Покрај петте сопруги, потврдено е дека бил интимен со уште 12 дами, според порталот Urbanestrane.rs.

Како официјални животни сопатнички се спомнуваат Пелагија Белоусова, Луција Бауер, Херта Хас, Даворјанка Пауновиќ и Јованка Броз.

Кога бил млад и честопати без пари, ги освојувал жените со својот шарм, убавите манири и смислата за хумор. Со тек на време, авторитетот и власта станале неговиот најсилен афродизијак. Кога бил назначен за прв човек на КПЈ, воопшто немал проблем со жените – другарките „паѓале“ пред него.

Најслушани се гласините дека за време на бракот со Јованка, и во поодминати години, се гледал со актерки, масерки и оперски пејачки, а во серијал од неколку текстови ќе ви ги претставиме неговите пет сопруги.

Нежната Русинка Пелагија

Првата жена на Тито била Русинката Пелагија Белоусова, позната како Полка. Родена е 1904 година во селото Михајловка кај Омск. Потекнува од селско семејство и не стекнала никакво повисоко образование. Тито ја запознал како воен заробеник во логор во Сибир, кога Полка имала само 16 години.

Се венчале во 1919 година во Омск, а потоа дошле во Загреб. Пелагија и Јосип имале три деца – Хинко, Златица и Жарко, но преживеал само Жарко. Роден е на 2 февруари, 1924 година.

Кога во 1928 година Тито бил осуден на неколкугодишна робија поради комунистички активности, Полка со Жарко се вратила во СССР. Се развеле, но историчарите велат дека на тоа била принудена. Повторно се сретнале во 1955 година кога Тито дошол во Москва да го побара синот Жарко.

Пелагија не успеала да побегне од теророт на Сталин и поминала многу години во советските логори. Пелагија Белоусова Броз во 1938 година била уапсена и две години поминала во затвор. Во 1948 година повторно била уапсена, по спорот на Тито со Сталин и со монтиран процес е осудена на 10 години затвор. Во 1957 година била пуштена од затвор и рехабилитирана. Умрела во април, 1967 година во Москва, како последица на срцев удар.

До ден-денес не е познато зошто се разделиле Пелагија и Тито. Се претпоставува дека причината е што Пелагија не знаела каде е нивниот син кога Тито дошол по него во Москва. Тито го нашол Жарко, кој тогаш имал 11 години, во сиропиталиште и го зел со себе, а Пелагија веќе никогаш не ја спомнал.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе