Најлоши митови за вежбањето во кои треба да престанеме да веруваме

А.С.
/ 17.11.2022 / 20:17

Покрај илјадниците совети за правилно и ефикасно вежбање, кружат и митови што не ви помагаат да ја остварите вашата фитнес цел.

МИТ: No Pain, No Gain

„Без болка нема резултати“ е само еден од буквално и погрешно сфатените слогани. Точно е дека треба да почувствувате напон и кинењето на мускулните влакна може да резултира со блага болка, но болката не значи дека вежбањето е ефикасно. Воспалението на мускули од преголем напор сигурно не е напредок кон вашата фитнес цел.

МИТ: Колку повеќе се потиш, толку повеќе маснотии согоруваш

Сосема е во ред и здраво да се испотите за време на физичката активност, но потењето нема врска со топењето маснотии. Потта треба да биде споредна појава, не главна цел на вежбањето.

МИТ: Заменете ги протеинските оброци со протеински плочки

Режимот на исхрана наменет за дефинирање на мускулите е напорен и бара голема посветеност. Едноставната замена на протеински оброци со протеински плочки не само што нема да делува на ист начин, туку и може да се одрази на целокупното здравје на организмот.

МИТ: Тонирањето е за жени, билдањето е за мажи

Родовите норми немаат никаква врска со вашите фитнес цели. Тонирањето е дел од целосниот фитнес. Без разлика дали сте маж или жена, ако не сакате пренагласени мускули може само да одржувате здраво, тонирано тело, или пак да билдате само една целна група мускули.

МИТ: Кревањето лесни тегови ја зголемува дефиницијата на мускулите

Кревањето лесни тегови нема да изгради мускулна маса без разлика колку серии правите, така само согорувате калории. Дури и да има мали мускули под масното ткуво, нема да нараснат. Ако сакате значителна дефиниција на мускулите треба постепено да ја зголемувате тежината на теговите, не само бројот на серии.

МИТ: Стомачните вежби се доволни за дефинирани стомачни мускули

Добро, до некаде. Сите сме родени со стомачни мускули, но слојот масни наслаги ги крие. Иако е неспорно дека редовните стомачни вежби ги зајакнуваат овие мускули, ако не сте 10% под просечната содржина на масти, нема да ги видите стомачните мускули. Фокусирајте се на интензивни вежби што ги согоруваат маснотиите за да може да се дефинираат овие мускули. Начинот на исхрана исто така е многу важен, затоа едуцирајте се пред да си поставите фитнес цели.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе