Најмалку 13 лица се повредени во инцидентот на метро-станицата во Бруклин

Претставник на Противпожарната служба на Њујорк за CNN изјави дека 13 лица се пренесени во болница после пукањето на метро-станицата во Бруклин, Њујорк.

Агенцијата DPA, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека вооружен маж со гас-маска и портокалов елек каков што користат градежни работници фрлил димна бомба во возот во њујоршкиот кварт Бруклин, а потоа отворил оган врз патниците, ранувајќи 5 лица. Според извори од њујоршката полиција, веднаш откако се затвориле вратите на возот, човекот со елекот фрлил неколку димни бомби во вагон и почнал да пука. Кога возот стигнал до станицата на 36-та улица, вратите се отвориле по што ранетите патници излегле од возот, некои со помош на други луѓе, и паднале на перонот.

Според полицијата, една од жртвите е во несвест и во критична состојба.

Вооружениот напаѓач бил опишан дека носел гас-маска и портокалов градежен елек, веројатно на компанијата MTA. Тој носел и градежен алат, јави DPA.

Според CNN, сите училишта во околина се под „засолниште“, што значи дека никој не смее да ја напушти зградата, а само ученици смеат да влезат, објасни портпаролот на Министерството за образование. Тој не кажа за колку училишта станува збор.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки на Twitter напиша дека американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе