Најмногу приговори за интернет, најмалку за мобилна телефонија

Скопје, 18 јули 2018 (МИА) -  Бројот на приговори на корисниците на електронски комуникациски услуги во Македонија бележи зголемување во однос на 2017 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од испитување на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги/резиденцијални корисници.

Според анкетата, спроведена од 31 мај до 14 јуни годинава кај 1.100 испитаници, преку телефон најмногу приговарале корисници на интернет – 32,6 проценти од домаќинствата во кои се користи, по што следат  за телевизија – 22,5 проценти од домаќинствата во кои се користи услугата од оператор, па за фиксна телефонија – 12,5 проценти од корисниците. Најмалку по телефонски пат се жалеле корисниците на услугата од мобилна телефонија - 11,8 проценти.

Писмени приговори, пак, поднеле најмногу корисниците на фиксна телефонија – 1,9 процент, по нив следуваат домаќинствата во кои се користи услугата интернет со 1,7 проценти и услугата телевизија со 1,4 проценти од домаќинствата во кои се користат тие услуги. За мобилна телефонија се приговарало најмалку и со писмени приговори, односно 1,1 проценти од домаќинствата.

Според испитувањето, споредено со минатата година, кај секоја од електронските комуникациски услуги има благо зголемување на корисниците со исклучок на телевизијата која постепено опаѓа од 2016 година. Мнозинството од корисниците се задоволни од цените и од квалитетот на услугите, при што сумираното задоволство (сума од одговорите „многу сум задоволен“ и „задоволен сум“) од квалитетот е најголемо кај услугата фиксна телефонија (85 проценти), а потоа следуваат услугите телевизија (76 проценти), мобилна телефонија (76 проценти) и интернет (74 проценти).

Генерално, задоволството од цените на телекомуникациските услуги во 2017 година бележат благ раст во однос на претходната година, освен кај услугата телевизија, каде се намалува задоволсвото од претходната 2017 година за девет проценти. Најголемо задоволство од цените се забележува кај корисниците на фиксна телефонија (79 проценти), по што следуваат корисниците на интернет (71 процент), па корисниците на мобилна телефонија и телевизија со по 70 проценти.

Лојалноста е највисока кај корисниците на услугата мобилна телефонија, односно 76,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека доколку моментно треба да одберат оператор, би останале на истиот оператор. По нив следи услугата фиксна телефонија, за која 74,4 проценти од корисниците би останале на истиот оператор, кај услугата интернет каде 71,3 проценти од корисниците се изјасниле дека би останале на истиот оператор, додека лојалноста е најниска кај корисниците на услугата телевизија - 66,5 проценти од испитаниците би останале на операторот што го користат.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе