Најопседната куќа во светот: 160 соби, врати кои не се отвораат, тајни премини

Постојат различни приказни и легенди за мистериозните куќи ширум светот, а поради нивната мистерија привлекуваат илјадници туристи желни за авантура.

Една таква куќа се наоѓа во Сан Хозе, Калифорнија, а многумина тврдат дека е најопседната куќа во светот.

Имено, во далечната 1886 година, ексцентричната Сара Винчестер купила куќа која на почетокот имала 8 соби. Сара не била задоволна од изгледот на куќата и се фрлила на реновирање кое се претворило во доживотен проект на кој потрошила приближно 5,5 милиони долари.

URL

Откако Сара починала во 1922 година, било откриено дека скромната куќа ја претворила во неверојатна здание со модерен водовод, 160 соби, 6 кујни и 2 подрума. Куќата има 2 илјади врати и 10 илјади прозорци. Сепак, некои други работи поврзани со оваа необична куќа се уште почудни.

Сара има инсталирано неколку врати во куќата кои не можат да се отворат. Некои прозорци се поставени во простории без никаков извор на светлина. Куќата има неколку скали кои не водат никаде. Сè е полно со тајни премини, а посебна атракција е шкафчето кое кога ќе се отвори води низ 30 соби во куќата.

Remote video URL

Се разбира, наскоро се појавиле бројни приказни и легенди дека луѓето се обиделе да објаснат зошто Сара, која била вдовица на Вилијам Вирт Винчестер, пронаоѓачот на пушката Winchester, го направила тоа.

Многумина веруваат дека во куќата била прогонувана од духовите на сите погубени од споменатото оружје и дека собите се всушност одраз на кошмарите што ги доживувала во последните години од животот. Други тврдат дека изградила лавиринт во својот простор за да избега од злите духови што ја прогонувале. Таа, наводно, дури и спиела во различна соба секоја вечер за да избега од нив.

Во секој случај, мистериозната куќа Винчестер денес е главна туристичка атракција која ја посетуваат голем број љубители на необјаснети феномени, особено оние кои веруваат во духови. Десетици посетители почувствувале „присуство“ во неа, поради што често ја нарекуваат и најопседната куќа на светот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе