Најсрамна кошарка се одигра на Малта, клубовите исфрлени од лига

Малтешката лига викендов беше сведок на еден од најголемите местени натпревари некогаш видени. Депиро и Хибернианс го завршија натпреварот со резултат 69:68 во корист на домашната екипа, откако не постигнаа ниту еден кош во последните 6 минути и 30 секунди игра.

И тоа не затоа што ги промашија своите удари, туку затоа што не се ни обидоа.

Тоа беше серија апсурдни потези, губење на поседот и топки за кои никој не се бори. Шокантната снимка покажува играчи кои имаат слободен пат до кошот, но наместо тоа претпочитаат да им даваат ужасни додавања на соиграчите. Сето тоа со смеа на навивачите кои беа на трибините.

URL

Двете екипи го поставија резултатот за подобри позиции во плеј-офот, но нема да ги има.

Малтешката кошаркарска федерација ја поништи играта и веднаш ги исфрли двата клуба од лигата поради „неодржување на очекуваниот стандард и интегритет и сериозно кршење на правилата на игра и на кошарката“.

Исто така, двата клуба добија казна од минус 3 бода за следната сезона, а тренерите се суспендирани и нема да можат да ги водат екипите следната сезона.

Играчите на двата тима добија по 3 натпревари суспензија поради „сомнително“ однесување во последните 6 минути.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе