Најстариот човек на светот не може без цигари

Фреди Блом од Јужноафриканската Република има 114 година и ја чека потврдата од Гинисовата книга на рекорди дека тој е најстариот човек на светот, а сега вели дека сака да прекине да пуши, но „ѓаволот не му дозволува“.

Овој Јужноафриканец го поминал животот во работа. Прво на фарма, а потоа во градежништво, а сега чека официјално признание за титулата најстар човек на светот.

Како што пренесува „BBC“, иако одамна го оставил алкохолот, Блом останал редовен пушач.

„Имам свој тутун, не купувам цигарите. Навиката е премногу силна. Понекогаш си велам себеси дека ќе престанам, но знам дека се лажам, не можам бес цигари. Белите дробови ми бараат дим. Ѓаволот е крив, многу е силен“, вели Блом на прославата на 114 роденден.

Првата работа која го привлекува вниманието кај овој човек е тоа дека изгледа многу цврсто и здраво.

Овој висок, солидно граден маж оди без помагала, малку побавно, но тој е целосно здрав, освен што има мали проблеми со слухот.

Блом на 8 мај наполни 114 година и за него се вели дека е најстариот човек на светот, иако се уште се чека официјална потврда.

Овој Јужноафриканец вели дека ниту сам не успеава да ја објасни својата долговечност.

„Има само една работа, оној горе. Тој е семоќен, јас овде не можам ништо. Можам да се срушам во секој момент, но тој ме одржува во живот“, вели Блом.

„Добро се чувствувам, здрав сум. Срцето ми е уште силно, но нозете ме издаваат, не можам да одам како некогаш“, вели тој.

Тој стана неизбежно славен, а за роденден доби многу колачи од локалниот супермаркет и регионалното министерство за социјален развој.

И понатаму е неписмен

Блом во раната младост го напушти своето село Аделајд, привлечен од светлата на Кејптаун. Бидејќи не посетуваше училиште, тој остана неписмен до денеска.

Присетувајќи се на детството, тој раскажуваше за моменти кои му останале во срцето.

„Би сакал да се разбудам надвор и да го истражувам светот. Како мал често носев прачка и ловев птици, бев горд кога ќе се вратев дома со низа уловени птици“, се присетува Блом на младоста.

Во однос на неговата долговечност, неговата 28 години помлада сопруга, Џенета, вели дека Фреди се храни сосема обично, дека сака месо во секој оброк, но и дека јаде доста зеленчук.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе