Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Познатата плажа Навајио (Ναυάγιο) во истоимениот залив на Закинтос, Грција, летово ќе остане затворена за туристи поради страв од лизгање на земјиштето, најавија грчките власти.

Плажата некогаш беше прогласена за најдобра на светот, а препознатлива е по белите карпи и тиркизните нијанси на Јонското Море.

Одлуката за забрана за пристап до плажата Навајио ја препорача тим експерти од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита (ОАСП), по посетата на плажата на 8 март како дел од редовната безбедносна проверка.

Тимот на ОАСП соопшти дека постои значителен ризик од лизгање на земјиштето поради ерозијата на околните карпи.

„Безбедноста на жителите и посетителите е пред сѐ, и одлуката е донесена земајќи ги предвид новите научни податоци на ОАСП и неговиот претседател, професорот Ефтимиос Лекас, со оглед на големиот број посетители на областа за време на туристичката сезона“, рече грчкиот министер за туризам Василис Кикилиас.

Посетата на плажата Навајио веќе е забранета за локалното население и посетителите од септември минатата година, откако земјотресот со јачина од 5,4 степени по Рихтер предизвика големи камења од околните карпи да паднат во заливот.

Навајио е една од најпрепознатливите плажи во Грција, чии фотографии од заглавениот брод се составен дел од брошурите на туристичките агенции. Воедно е и една од најпосетуваните, а загриженост предизвикаа ланските фотографии од загаденоста.

Порано позната како Ајос Јеорјиос, Навајио на грчки значи бродолом. Многумина погрешно ја изговараат како Навагио.

Тагови
реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Регион

Коста бил нарцисоиден и размислувал како да има 20 години – судски вештак за момчето од Врачар

Read more

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста

Read more

По вчерашните немири, денеска во Косово е мирно

Read more

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе