Најважните заклучоци од интервјуто Такер Карлсон со Владимир Путин

Американскиот конзервативен новинар Такер Карлсон синоќа го објави своето интервју со рускиот претседател Владимир Путин, во кое тие разговараа за војната во Украина, проширувањето на НАТО и односите меѓу Русија и САД.

Интервјуто, кое беше снимено во вторникот и првпат објавено исклучиво на мрежата Такер Карлсон, траеше повеќе од два часа, за време на кое Путин ги сподели своите размислувања за теми како што се вештачката интелигенција (тој рече дека еден ден може да бидат неопходни меѓународни регулативи) и претстојните претседателски избори во САД.

Ова се најважните заклучоци од интервјуто:

Путин вели дека мир со Украина сè уште е можен

Карлсон го праша Путин дали мисли дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште „има слобода да преговара за решение на овој конфликт“. Путин одговори потврдно и рече дека верува оти е можен договор. Тој нагласи дека војната ќе заврши многу брзо доколку Западот престане да испраќа оружје во Украина.

Тој тврди дека откако руските преговарачи се обиделе да постигнат мировен договор со Украина во раните фази на војната што започна во февруари 2022 година, западните земји го убедија Зеленски да продолжи да се бори.

Мировните преговори со Украина беа „речиси финализирани“, рече Путин, но потоа Украина „ги отфрли сите тие договори и ги послуша инструкциите на западните земји, европските земји и САД да се борат со Русија до самиот крај“.

Тој исто така додаде дека Зеленски потоа потпишал закон со кој се забрануваат преговори со Русија.

„Како ќе преговараме ако си забрани себеси и на сите други? Знаеме дека тој изнесува некои свои идеи во врска со овие преговори, но за да се договориме нешто треба да водиме дијалог“, рече Путин.

Рускиот претседател, исто така, рече дека нападот на Полска или Латвија не е во интерес на Русија и додаде дека тоа ќе го направи само доколку некоја од тие земји ја нападне Русија.

„Спротивно на здравиот разум е да се впуштите во некој вид на глобална војна, а глобалната војна ќе го доведе целото човештво на работ на уништување. Тоа е многу очигледно“, рече тој.

НАТО уште му е во глава на Путин

За време на интервјуто, Путин опширно се осврна на неговото противење на проширувањето на НАТО, но рече и дека некогаш размислувал за влез на Русија во Алијансата.

Според Путин, тој еднаш разговарал за можноста Русија да стане членка на блокот со тогашниот претседател Бил Клинтон. Тој тврдеше дека Клинтон првично одговорил: „Мислам да“, но подоцна истата ноќ американскиот лидер наводно се повлекол откако разговарал со неговиот тим, велејќи му на Путин дека влезот на Русија во НАТО во тоа време не е можен.

„Да речеше да, процесот на зближување ќе започнеше, а на крајот можеби ќе се случеше ако видовме искрена желба од страна на нашите партнери. Но, тоа не се случи“, му рече Путин на Карлсон.

URL
Путин смета дека Америка повеќе се плаши од Кина отколку од Русија

Карлсон и Путин разговараа за тоа како изгледаше дека САД и Русија ќе имаат добри односи по распадот на Советскиот Сојуз, но тоа не беше случај. Карлсон спомна како Путин рече дека Западот се плаши од силна Русија и праша зошто е тоа ако САД не се плашат од Кина.

„Западот повеќе се плаши од силна Кина отколку од силна Русија бидејќи Русија има 150 милиони луѓе, а Кина има 1,5 милијарди жители. И нејзината економија расте неверојатно, или 5 отсто годишно“, одговори Путин.

„Потенцијалот на Кина е огромен. Таа е најголемата економија во светот денес во однос на паритетот на куповната моќ и големината на економијата. Таа одамна ги надмина САД и расте со висока стапка“, рече тој.

Тој рече и дека не е во ред да се размислува кој од кого повеќе се плаши.

Односот со американските претседатели

Путин се држеше настрана од поддршката на кој било кандидат на изборите во 2024 година, но рече дека не се сеќава кога последен пат разговарал со претседателот Џо Бајден. Тој исто така рече дека имал добри односи со поранешниот претседател Доналд Трамп додека тој бил во Белата куќа.

Сепак, најголеми пофалби доби поранешниот претседател Џорџ Буш.

„Имав многу добри односи со Буш. Знам дека во САД го прикажуваа како некое селско момче кое не разбира многу. Можам да ве уверам дека тоа не е така“, рече Путин.

Откако додаде дека Буш „направил многу грешки во однос на Русија“, Путин рече дека „имал многу добри односи со него“.

На прашањето на Карлсон дали односите со Русија ќе се подобрат со новата администрација по Бајден, Путин рече дека „не се работи за лидерот, туку за одлуките на владејачките елити“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе