Намален бројот на активни случаи на заболени од COVID-19, на инфективните одделенија има слободни легла

По големите регистрирани бројки на заболени со COVID-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. Во текот на последнава недела за над 3.000 е намален бројот на активни случаи.

Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, но истакнаа дека на инфективните одделенија има слободни кревети.

Според последните податоци, вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

– Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, се наведува соопштението на МЗ.

Од Министерството за здравство наведоа дека според последните извештаи на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ.

Од Министерството истакнаа дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.471, оздравени пациенти се 76.423, починати 2.779. Досега се направени 441.134 тестирања на COVID-19.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе