Намален бројот на склучени и на разведени бракови во земјава

Поради пандемијата на коронавирусот и со воведувањето на вонредните мерки за заштита и годинава во земјава се бележи намалување на бројот на склучени бракови. Статистиката покажа и намалување на стапката на разводи.

Склучувањето брак без правење веселба за некои граѓани не е прифатливо, за некои веселбата е небитна, а кај некои парови врз одлуката за склучување брак влијаело и чувството на несигурност, односно да се прави веселба во вонредните услови поради COVID-19.

За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на склучени бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10.278.

Најмногу бракови, односно 1.423 или 13,8 отсто биле склучени во август, а најмалку во април – 162 или 1,6 отсто.

Статистиката покажa дека најчесто паровите стапувале во прв брак со учество од 94,1 отсто за жените и 92,8 отсто за мажите. Во втор брак со учество од 6,5 отсто и трет брак со учество од 0,6 проценти - во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Најголем број бракови – 3.380 или 32,9 отсто кај жените се случиле на возраст од 20 до 24 години, додека кај мажите од 3.780 бракови или 36,8 проценти во брак стапиле на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

Sпоред статистиката и бројот на разводи во 2020 година бележи намалување од 21,2 отсто во споредба со 2019 година и изнесува 1.569. Во текот на годината најмалку бракови 29 или 1,8 проценти се разведени во мај, а најмногу 199 или 12,7 отсто во јули.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосна група од 35 до 39 години, и тоа 278 или 17,7 отсто кај жените и 262 или 27,7 проценти кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи 324 или 20,7 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе