Намалувањето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на рак и стареење на кожата

Клиниката за дерматологија предупредува дека прекумерното изложување на сонце, особено на ултравиолетовите (УВ) зраци од сончевиот спектар, од најраната детска возраст, е главната причина за појавата на меланомот, не-меланотичниот кожен рак и стареењето на кожата.

Најголемо влијание имаат изгорениците од сонце, но и долготрајното изложување на сонце без појава на изгореници е ризик фактор за појава на штетните ефекти на УВ зраците, се наведува во денешното соопштение од Клиниката за дерматологија.

– Луѓето со светол тен и светла боја на очите кои лесно горат на сонце, имаат многу бенки или пеги, црвена или светла коса, се со особен ризик за развој на кожен рак и стареење на кожата. Намалувањето на времето на изложеност на сонце го намалува ризикот за појава на кожниот рак и стареење на кожата. Но, не се препорачува ниту целосното избегнување на изложеност на сонце заради многубројните позитивни ефекти на сонцето, како што се синтезата на витаминот Д, антидепресивното влијание и поволното дејство на кардиоваскуларниот систем, се појаснува во соопштението.

Најсигурна заштита, потенцираат, е да не се излегува на сонце во периодот од 11.00 до 17.00 часот. Особено треба да се внимава кога УВ зрачењето се зголемува заради рефлексијата од снегот, белиот песок или бетонот.

– Облаците во мал степен претставуваат заштита од сончевото зрачење, додека пливањето во вода или ветер не обезбедуваат заштита, информираат од Клиниката.

Од установата препорачуваат кожата да биде заштитена со облека, најдобро густо ткаена, широка облека, да се носи шапка за заштита на лицето, вратот и ушните школки, како и очила со УВ заштита. Важно е да се биде сокриен од сонцето пред кожата да се зацрвени. Сенка од дрвја со густа крошна или од зграда би било идеално решение.

Лекарите препорачуваат и да се користат креми со висок заштитен фактор (најмалку SPF 30) за заштита од УВБ зраците кои предизвикуваат изгореници или крем со четири или пет ѕвезди на логото со што се овозможува заштита од УВА зраците кои се одговорни за појава на кожен рак и стареење на кожата. Редовното нанесување на заштитен фактор на секои два часа, се подвлекува во соопштението, е битно за реактивација на кремот.

– Луѓето кои примаат лекарска терапија или имаат заболувања кои ги прават особено осетливи на сончевата радијација треба да побараат совет и терапија од своите доктори, а бебињата и малите деца воопшто не треба да се изложуваат на директно сончево зрачење, стои во соопштението од Клиниката за дерматологија. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе