Нападот во Нов Зеланд е терористички, бројот на загинати порасна на 49

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн изјави дека безмилосниот напад во кој загинаа најмалку 49 луѓе, а 20 се тешко ранети, може да се опише само како терористички чин.

Меѓу загинатите во двете нападнати џамии има и тинејџери.

„Овие два напада се добро испланирани. Две експлозивни направи биле поставени на автомобилот на осомничените, но ние ги откривме и ги деактивиравме. Четворица се уапсени и се во притвор. Еден од нив изјави дека е австралиски државјанин роден во таа земја. Тие имаат екстремистички погледи за кои нема место во Нов Зеланд, но ни во светот. Иако немаме причина да веруваме дека има и други осомничени, не ја изземаме таа можност во овој момент. Известувачката служба и полициските агенции ги активираа сите нивни ресурси на располагање, а во областа ќе се испратат и дополнителни полицајци“, изјави премиерката.

Според Мајк Буш, комесар во новозеландската полиција, бројот на загинати е искачен на 49. На луѓето им е порачано да не излегуваат од домовите.

„Знаеме дека во моментов има семејства кои се разделени, но ве молиме да ги слушате упатствата од полициските службеници и надлежните, поради вашата лична безбедност“, изјави премиерката.

Нападот во џамиите се случи во 19 часот по локално време во Крајстчрч, во текот на петочната молитва.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе