Клубот од градот под Везув го објави домашниот, гостинскиот и голманкиот дрес за новата 2022/2023 сезона.
Втора година по ред дресовите на „Партенопеите“ се дизајнирани од EA7 брендот на Emporio Armani, кој годинава си дозволи мала експериментација со дизајнот со тоа што и домашниот и гостинскиот дрес имаат атрактивни градиенти на бои на ракавите.
Домашниот дрес има и сублиминална шема, додавајќи уште еден слој на текстура и класа.
Наполи е познат по тоа што во текот на една сезона знае да извади повеќе дресови, па веројатноста дека од есен ќе биде претставен уште некој дизајн - е голема.
Новите дресови веќе се достапни за продажба преку официјалните клупски продавници и чинат по 125 евра. Нормално, достапни се и за нарачка онлајн.
Иако има гласини за негово заминување летово, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и натаму е во Наполи и доколку нема промени ќе го гледаме низ терените ширум Серија А токму во оние дресови.