Вести

НАСА бара офицер за планетарна заштита, плата одлична

3. август 2017 - 17:01 | Б.С.Б.

Американската вселенска агенција бара офицер за планетарна заштита, човек кој треба да ја заштити Земјата од вонземјани, пренесува BBC.

Главна задача на офицерот ќе биде да внимава на биолошка контаминација во текот на човечки или роботизирани истражувачки мисии во вселената. Се нуди и примамлива годишна плата меѓу 124.406 и 187.000 долари.

Идејата за вселенски офицер не е нова, но е многу одговорна. За вработување потребни се различни квалификации, напредни знаења за заштита на планетата, но и за вселенските програми.

Предност имаат американските државјани со дипломи од физика, инженерство и математика. 

Коментирај