НАСА чекор поблиску до враќање луѓе на Месечината - лансиран сателитот CAPSTONE

Компанијата Rocket Lab успешно го лансираше кубсат сателитот CAPSTONE за американската вселенска агенција НАСА, кој во иднина ќе орбитира околу Месечината.

Лансирањето на сателитот CAPSTONE е мал, но важен чекор во мисијата Artemis на НАСА, чија цел е да ги врати луѓето на Месечината за прв пат по 1972 година.

Лансирањето на сателитот помина во најдобар ред со помош на ракетата Electron. Оваа ракета во главно е слична на другите, но всушност е првата што се напојува со батерии наместо гасна турбина. Затоа постои фаза наречена „исфрлање на батерија“, која се случува на крајот на циклусот на лансирање.

Rocket Lab ја користеше ракетата Electron со посебен додаток наречен горна фаза Lunar Photon со доволно енергија за да патува во длабоката вселена. Тоа е една од најмалите ракети со кои е направен обид да се лансира товар во орбитата на Месечината.

Ракетата Electron беше лансирана од полуостровот Махија во Нов Зеланд.

Remote video URL

Сателитот CAPSTONE ќе орбитира околу Земјата 9 дена за да добие доволно брзина за транслунарно вбризгување, погонски маневар што се користи за поставување на вселенското летало на орбитата кон Месечината. Примарната цел е да се провери типот на елиптична лунарна орбита планирана за вселенската станица Gateway. Оваа станица ќе биде испорачана во лунарната орбита од компанијата SpaceX, а ќе има научна лабораторија и простории за астронаути, како и пристаништа за идните вселенски летала.

CAPSTONE се очекува до Месечината да пристигне до 13 ноември.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе