НАСА ја претстави куќата во која четворица ќе бидат затворени како подготовка за живот на Марс

Американската вселенска агенција НАСА претстави 3D печатен простор на куќа од 160 м² во Тексас, каде група луѓе ќе се подготвуваат за „вистинските предизвици“ на идните мисии на Марс.

НАСА го претстави живеалиштето во хангар во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, Тексас, каде четворица волонтери ќе почнат да се подготвуваат за „мисијата на Марс“ ова лето преку копнена симулација, помагајќи ѝ на НАСА да се подготви за човечко истражување на Црвената планета.

„Ова е од клучно значење за тестирањето решенија кои ги задоволуваат сложените потреби на животот на површината на Марс“, рече Грејс Даглас, водечка научничка на НАСА во истражувачкиот труд Advanced Food Technology.

Првата „мисија“ треба да започне во јуни кога екипаж од волонтери, кои не се астронаути, ќе влезат во 3D печатениот простор.

„Симулациите на Земјата ќе ни помогнат да ги разбереме и одговориме на физичките и менталните предизвици со кои ќе се соочат астронаутите пред да заминат“, додаде Даглас.

За време на симулацијата, четворица членови на екипажот ќе живеат и работат во 3D печатен ICON модул кој вклучува две бањи, вертикална фарма за зелена салата, соба за медицинска нега, простор за релаксација и неколку работни станици.

Таму, тие ќе спроведат различни активности од мисијата, вклучувајќи симулирани вселенски прошетки или Marswalks, роботски операции, одржување на живеалиштата, лична хигиена, вежби и раст на културите.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе