НАСА: Месечината се смалува и има земјотреси

Новите истражувања на НАСА покажуваат дека Месечината се смалува, а според сеизмичките податоци, на неа има и земјотреси. Во текот на последните години внатрешноста се има оладено и собрано, а продолжува и понатаму да се смалува.

Научниците го споредуваат овој процес со начинот на кој грозјето постепено се суши и создава линии додека се лади и собира. За разлика од кората на грозјето, кората од Месечината не може да се растегне бидејќи е тенка и се распаѓа кога се случува смалувањето. До овие недостатоци доаѓа кога кората се движи и турка еден дел над друг. Тогаш се формираат необични карпи кои можат да се видат на површината. Тие се високи и долги неколку километри.

Новите истражувања се овозможени со креација на алгоритам кој ги обработил сеизмичките податоци од 60-тите и 70-тите години. Тоа помогнало во расветлувањето на земјотресите и до осознавање од каде потекнуваат.

Откако податоците за локацијата се регенерирани и споредени со сликите направени од лунарниот орбитер на НАСА од 2010 година, утврдено  е дека најмалку 8 земјотреси доаѓаат од поместувањето на плочите под површината на Месечината, а не од удари на астероиди и други објаснувања. Ова е потврда дека Месечината сè уште доживува вистинска тектонска активност.

Инструментите кои ги оставил Аполо 11 од 1969 до 1977 година забележале 28 различни земјотреси кои се случувале кога Месечината била на најоддалечената точка од Земјата, бидејќи Земјината гравитација ја оштетува кората на Месечината.

Научниците се надеваат дека ќе се вратат повторно на Месечината за да откријат каква е денешната ситуација.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе