НАСА објави аудиоснимка со звучни бранови кои извираат од огромна црна дупка во центарот на галактичкото јадро Персеј, оддалечено повеќе од 200 милиони светлосни години.
Звукот е уреден за да може да биде слушнат од човечко уво. НАСА го измеша со „други податоци“ и го засили. Заблуда е дека нема звуци во вселената.
„Заблудата дека во вселената нема звуци потекнува од тоа што повеќето од просторот е вакуум кој не овозможува начин звучните бранови да патуваат“, соопштија од НАСА на Twitter.
„Јатото галаксии има толку гас што успеавме да фатиме вистински звук. Овде е засилен, но и помешан со друго податоци, па се слуша црната дупка“, објаснуваат од НАСА.
Снимката привлече големо внимание на интернет, а многумина сметаат дека црната дупка звучи токму како и што замислувале дека ќе звучи супермасивна црна дупка.