Натали Портман пее нова песна на Сија во трејлерот за „Vox Lux“
Пред официјалната премиера која треба да се случи наредниот месец, објавен беше вториот трејлер за „Vox Lux“ – најновиот филм на актерката Натали Портман. Во овој трејлер Портман пее оригинална песна од пејачката Сија, која ја позајми нејзината музика за потребите на филмот.
„Vox Lux“ раскажува приказна во два дела, почнувајќи во 1999 година, кога две сестри тинејџерки преживуваат вооружен напад на нивното училиште и потоа решаваат да напишат песна за страшниот настан. Вториот дел е во модерно време, кога тогаш малата Селест е ѕвезда која се обидува да си ја задржи кариерата во музичката индустрија.
Премиерата на „Vox Lux“ е закажана за 7 декември 2019 година.