НАТО: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина

Северноатлантската Алијанса денеска се оквалификува како „одлучна“ во својата поддршка на Украина и нагласи дека „пропаѓаат руските напори да ја наруши решителноста на храбриот народ на Украина“.

Во Изјавата објавена по повод една година од руската инвазија врз Украина, НАТО наведе дека Русија мора „веднаш“ да ја прекине својата „нелегална војна“ што влијае на глобалните резерви на храна и енергија. Од НАТО побараа Москва да одговора за нејзините „воени злосторства“.

„Додека одбележуваме една година од руската брутална агресивна војна против Украина, најголемата закана за евроатлантската безбедност во последните децении, ние како сојузници ја потврдуваме нашата солидарност со владата и народот на Украина во херојската одбрана на нивната нација, нивната земја, и нашите заеднички вредности. Оддаваме почит на изгубените животи и жалиме за трагичното човечко страдање и уништување, вклучително и на станбените области на Украина и цивилната и енергетската инфраструктура, предизвикани од нелегалната војна на Русија, се потенцира во денешната Изјава на Алијансата.

„Дополнително ја засилуваме политичката и практичната поддршка за Украина додека таа се брани од руската инвазија и ќе ја одржиме нашата поддршка онолку долго колку што е потребно за да и помогнеме на Украина да преовлада. Во овој контекст, НАТО ќе продолжи тесно да се координира со релевантните засегнати страни, вклучително и меѓународните организации, особено ЕУ, како и со истомислениците. Остануваме одлучни во поддршката на долгорочните напори на Украина да ја обезбеди нејзината слободна и демократска иднина. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Ние целосно го поддржуваме суштинското право на Украина на самоодбрана и да избира сопствени безбедносни аранжмани“, се наведува во изјавата на Северноатланскиот Совет. 

„Русија сноси целосна одговорност за оваа војна, која е очигледно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Активностите на Русија ги занемаруваат принципите и заложбите на ОБСЕ и сериозно ја поткопуваат меѓународната безбедност и стабилност и меѓународниот поредок заснован на правила. Иако ја повикавме Русија конструктивно да се вклучи во кредибилни преговори со Украина, Русија не покажа вистинска отвореност за праведен и траен мир. Остануваме решени да одржиме координиран меѓународен притисок врз Русија. Ние, исто така, ги осудуваме сите оние, вклучително и Белорусија, кои активно ја помагаат руската војна. Не може да има неказнивост за руските воени злосторства и другите злосторства. Сите одговорни мора да одговараат за злоупотреби и кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право, особено против цивилното население во Украина, вклучувајќи ја и депортацијата на деца и сексуалното насилство поврзано со конфликти. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна и да ги повлече сите свои воени сили од Украина во согласност со Резолуцијата на Генералното собрание на ОН усвоена на 23 февруари 2023 година и другите релевантни резолуции на Генералното собрание на ОН“, посочуваат НАТО сојузниците. 

„Ќе продолжиме да се залагаме за мир, безбедност и стабилност во целата евроатлантска област. НАТО е одбранбена алијанса. Ние значително го зајакнуваме нашето одвраќање и одбранбено држење и остануваме подготвени да ја браниме секоја педа од сојузничката територија во согласност со нашиот пристап од 360 степени против сите закани и предизвици. Нашата посветеност на Договорот од Вашингтон, вклучувајќи го и членот 5, е обложена со железо. НАТО е посилен и пообединет од кога било. Го поздравивме изборот на Финска и Шведска да станат членки на НАТО и ја потврдивме нашата посветеност на политиката на Отворени врати на НАТО. Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето партнерство со Украина додека таа ги унапредува своите евроатлантски аспирации. Ние, исто така, дополнително ги зајакнуваме нашите други партнерства, вклучително и помагајќи им на оние земји кои се најмногу изложени на малигното влијание на Русија“, се посочува во Изјавата.

„Напорите на Русија да ја скрши решителноста на храбриот народ на Украина пропаѓаат. Една година подоцна, Украинците храбро се борат за слобода и независност. Ние стоиме со нив“, се истакнува во Изјавата на Северноатлантскиот совет по повод една година од руската агресивна војна против Украина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе