Сексот има уште една важна предност корисна за сите, велат научниците во најновото истражување објавено во Archives of Sexual Behavior.
Често сме пишувале за предностите на редовниот секс, знаеме дека лесно ги согорува калориите, ја лечи главоболката, а најновото истражување откри дека ја подобрува меморијата.
Научници набљудувале жени на возраст од 19 до 35 години и откриле дека оние жени кои почесто имаат секс имаат и подобра меморија и биле поспособни да се сетат на зборовите и фотографиите што им биле покажани, за разлика од оние со помала сексуална активност.
Крајниот резултат е дека сексот помага за раст на нови мозочни клетки во областа кој се поврзува со паметењето. Истражувањето е спроведено на стотина жени, па резултатот не е 100 проценти потврден, но упатува на тоа дека се потребни дополнителни истражувања.