Научниците открија зошто мажите живеат пократко од жените

Научници открија нови податоци кои би можеле да објаснат зошто мажите обично не живеат толку долго како жените. Истражувањата сугерираат дека тоа е поврзано со губење на хромозом, што може да предизвика лузни на срцевиот мускул и да доведе до смртоносно затајување на срцето.

Се проценува дека 40 проценти од 70-годишниците страдаат од губење на Y хромозом, но би можеле да имаат корист од постоечки лек чија цел се опасните лузни на ткива.

Хромозомите доаѓаат во парови, жените имаат два X хромозома, додека мажите имаат X и Y хромозоми.

Професорот Кенет Волш од Универзитетот во Вирџинија вели:

„Особено по шеесеттата година, мажите умираат побрзо од жените. Како биолошки побрзо да стареат. Ова ново истражување дава ознаки зошто мажите имаат пократок животен век од жените“.

Многу мажи почнуваат да го губат својот Y хромозом во делот на клетката како што стареат, нешто што особено е вистинито за пушачите. Научниците претходно открија дека мажите кои страдаат од губење на Y хромозом имаат поголема веројатност да починат на млада возраст и да страдаат од болести поврзани со стареење како Алцхајмер.

Ова ново истражување е првиот цврст доказ дека губењето хромозом директно предизвикува штетни последници по здравјето на мажите.

Резултатите се објавено во списанието Science.

Тагови
реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе