Научниците предупредуваат: Има сѐ повеќе ѓубре на Арктикот

Научниците предупредија дека Арктикот, со постојните последици од климатските промени, има нов проблем - ѓубрето кое доаѓа со зголемениот поморски сообраќај низ регионот.

Арктикот се загрева двојно побрзо од остатокот од светот, па така топењето на мразот што долго ја покрива областа отвора нови морски патишта. Минатата година, истражувачите забележаа дека ѓубрето ги затрупува плажите на Беринговиот Теснец во близина на Алјаска.

„Тоа е директен резултат на зголемената поморска активност“, рече климатологот Рик Томан од климатскиот центар на Алјаска, еден од главните уредници на извештајот за Арктикот што го објавува годишно државната агенција NOAA.

Отпадот покажува „што климатските промени им овозможуваат на луѓето да прават во регионот“, рече Томан.

Најчестиот јазик на пакувањата фрлени производи пронајдени во Беринговиот Теснец е рускиот, тврди NOAA.

Помеѓу 2016 и 2019 година, бројот на рибарски, товарни и воени бродови што минуваат низ регионот порасна за 58 отсто, а експертите велат дека сообраќајот ќе продолжи да расте паралелно со глобалното затоплување.

Со превозот доаѓа и бучавата. Подводните звучни слики на Арктикот станаа побучни, проблем за морските цицачи кои користат звук за навигација и социјализација, предупредува Томан.

Годишниот извештај, објавен на конференцијата на Американската геофизичка унија, зборува и за најниското ниво на мраз во пролетта оваа година, што е уште еден знак дека климатските промени брзо го менуваат Арктикот.

Светската метеоролошка организација (СМО) претходно потврди дека во сибирскиот град Верхојанск е забележан температурен рекорд на Арктикот од повеќе од 38 степени Целзиусови.

„Луѓето на Арктикот веќе доживуваат огромни промени“, изјави коавторката на извештајот Ана Лилједал.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе