НБА: Неверојатниот Вестбрук со нов трипл-дабл

Расел Вестбрук, ѕвездата на Оклахома, уште на почетокот на сезоната ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната. Вестбрук против ЛА Лејкерс го забележа вториот трипл-дабл, во третиот сезонски натпревар и на вечната листа се израмни со Џери Лукас, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Оклахома победи во „Стејплс Центарот“, во Лос Анџелес 113:96, а Вестбрук го предводеше тимот со 33 поени, 12 скокови и 16 асистенции. Вестбрук стана прв играч во историјата на НБА лигата, кој на првите три натпревари во сезоната имал учинок од најмалку 100 поени, 30 скокови и 30 асистенции.

Голден Стејт славеше над Феникс 106:100, а мечот го обележа довчерашниот соиграч на Вестбрук, Кевин Дурант кој постигна 37 поени.

Дурент стана првиот играч во клупската историја Голден Стејт кој на првите три средби во сезоната постигнал повеќе од 100 поени. Таков учинок пред Дурант имал само легендарниот Вилт Чембрлен во сезоната 1959/1960.

Покрај Дурант, кај вицешампионот се истакнаа и Стеф Кари со 28, односно Клеј Томпсон со 14 поени.

Уште еден играч игра брилијантно од почетокот на сезоната, тоа е најдобриот дефанзивец во лигата Кавај Ленард. Сан Антонио победи во Мајами 106:99, а Ленард постигна 27 поени и имаше 15 скокови. Пау Гасол исто така имаше двоен ефект од 20 поени и 11 скокови.

Мајами го предводеа Хасан Вајтсајд (27 поени, 15 скокови) и Горан Драгиќ (25 поени).

Хјустон и Далас го одиграа првото сезонско дерби на Тексас, кое го реши Џејмс Харден со поените од линијата за слободни фрлања постигнати во последната секунда. Во триумфот 93:92, Харден постигна 28 поени.

Резултати од другите натпревари: ЛА Клиперс-Јута 88:75, Детроит-Милвоки 98:83, Мемфис-Вашингтон 112:103.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе