Кошарка

НБА: Пораз на Кливленд во првиот меч од плејофот

16. април 2018 - 8:52 | К.З.

Втората вечер од НБА плејофот донесе 4 натпревари, по 2 од двете конференции. Кливленд Кавалирс ги разочараа нивните навивачи откако загубија на домашен терен од Индијана Пејсерс.

Индијана му го нанесе првиот пораз на Леброн Џејмс во првата рунда од плејофот од 2012 година па наваму. Тимот на Пејсерс доминираше против Кавалирс со резултат 98:80.

Како и обично, Леброн Џејмс не разочара и беше предводник на тимот на Кавалирс. Тој забележа трипл-дабл со 24 поени, 10 скока и 12 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за да се избегне пораз. Единствените други двајца играчи кои имаа двоцифрен број поени кај Кавалирс беа Џеј Ар Смит (15) и Лери Ненс Џр. (10).

Виктор Оладипо продолжи со магичната форма во која игра цела сезона и беше главната причина за победата на Индијана синоќа, постигнувајќи 32 поени. Солиден беше и Мајлс Тарнер, кој забележа 16 поени и 8 скока.

Останати резултати:

Бостон Селтикс – Милвоки Бакс 113:107 (продолженија)

Оклахома Сити Тандер – Јута Џез 116:108

Хјустон Рокетс – Минесота Тимбервулвс 104:101

Коментирај