НДМ: Од каде извира правото на Заев да го менува името заедно со Груевски

Народното движење за Македонија најостро реагира на најновото интервју на премиерот Зоран Заев во кое вели дека има согласност од ВМРО-ДПМНЕ за решавање на спорот за името, а кое, со други зборови кажано значи промена на името, земајќи ја предвид определбата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за компромисно име на државата, се наведува во соопштението.

„НДМ го повикува Заев да одговори на јавноста од каде извира правото да го менува името заедно со ВМРО-ДПМНЕ, кога прашањето за вековното македонско име не е прашање на една влада или на една партија, туку прашање од највисок интерес за Македонија и Македонците.

Наместо да работи на промена на името заедно со ВМРо-ДПМНЕ, НДМ го повикува премиерот Заев да работи на национален консензус за името и притоа силно го охрабрува премиерот веднаш да иницира Совет на политички лидери во кој би се изградил единствен македонски став за одбрана на името“ стои во соопштението.

Во Советот, како што објаснуваат од НДМ, би биле претставени сите партии и во него на едно место би била собрана целокупната политичка памет во земјата, со што се отвора патот за домашно единство за одбрана на името како прашање од највисок национален интерес.

НДМ во името на македонскиот народ ја предупредува владата на СДСМ дека нема мандат за промена на името – Република Македонија.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Македонија

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Read more

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе