Не ги игнорирајте симптомите на замастен црн дроб

Болеста замастен црн дроб доаѓа во две главни форми. Неалкохолното замастување на црниот дроб (NAFLD) е термин за низа состојби предизвикани од акумулација на маснотии во црниот дроб. Може да добиете и алкохолно заболување на црниот дроб, што е оштетување на црниот дроб што е предизвикано со пиење премногу алкохол.

Болката или непријатноста на десната страна на стомакот веднаш под ребрата е можен знак дека црниот дроб ви е оштетен. Американската фондација за црн дроб вели дека безалкохолниот црн дроб често нема симптоми.

Експертите велат дека кога ќе се појават симптоми, тие може да вклучуваат замор, слабост, губење на тежината, губење на апетит, гадење, болки во стомакот и пожолтување на кожата и очите. Доколку се открие и третира во рана фаза, прогресијата на неалкохолното замастување на црниот дроб може да се спречи и да се намали количината на маснотии во црниот дроб.

Повеќето луѓе ќе ја развијат само првата фаза на безалкохолно замастен црн дроб, а многу често не се ни свесни за тоа.

Во мал број случаи, може да напредува и да доведе до оштетување на црниот дроб доколку не се дијагностицира и не се лекува. Здравиот црн дроб треба да содржи малку маснотии или воопшто да не содржи маснотии.

Има неколку знаци по кои можете да препознаете дека ја имате оваа состојба, а некои вклучуваат појави на стапалата и кожата.

Луѓето со оштетување на црниот дроб кои забележуваат темна, црна и катранеста столица или темна урина треба да побараат итна медицинска помош, според British Liver Trust. Други сериозни симптоми вклучуваат повраќање со крв, лесни модринки, чешање на кожата и отекување на долниот дел на стомакот.

Сепак, понекогаш и тешките и подоцнежните фази на неалкохолното замастување на црниот дроб нема да покажат никакви симптоми и може да останат така многу години.

„Главната терапија за неалкохолно замастување на црниот дроб е здрава исхрана, физичка активност и (доколку е потребно) намалување на тежина“, велат експертите.

„Ова може да изгледа како многу општ совет, но сите овие чекори ги намалуваат мастите и воспалението на црниот дроб. На пример, за луѓето со прекумерна тежина, доказите покажуваат дека губењето од 5 до 10 проценти од телесната тежина може да го запре, а понекогаш дури и да го врати оштетувањето на црниот дроб“.

Тагови
реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Здравје

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Read more

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Read more

3 навики во исхраната што го зголемуваат ризикот од дијабетес

Read more

7 причини зошто треба често да јадете краставици

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Читај повеќе