Не ги игнорирајте: Знаци кои покажуваат дека ви фали железо

Недостигот на железо во телото може да ги наруши функциите па може да се појави анемија. Светската здравствена организација наведе дека оваа состојба најчесто ги погодува децата и бремените жени.

Експертите наведуваат дека постои врска меѓу недостигот на железо и послабите когнитивни способности. Тоа потврдува дека доволните количини минерали ги подобруваат концентрацијата и меморијата.

Ако ви фали железо во телото, раните побавно ќе зараснуваат, а може и полесно да добивате модринки.

Ова се некои од главните знаци кои не треба да ги игнорирате:

1. Екстремен умор и слабост

Луѓето кои страдаат од недостиг на железо може да се чувствуваат многу уморно и исцрпено. Железото е минерал кој помага во создавањето на хемоглобин, протеин  одговорен за пренос на кислородот во различни делови на телото.

Ниските количини железо доведуваат до ниско ниво на хемоглобинот, што значи дека помалку кислород доаѓа до ткивата и мускулите, поради што ќе имате помалку енергија.

2. Тешкотии со дишењето

Кога нивото на железо е ниско, тоа значи дека и новото на хемоглобинот и кислородот ќе бидат ниски. Во тој случај телото може потешко да работи за да произведе повеќе кислород поради што луѓето ќе имаат потешкотии во дишењето и недостаток на воздух.

Сето тоа отежнува некои нормални секојдневни активности како пешачење, искачување по скали и вежбање.

3. Забрзана работа на срцето

Кога му недостига железо на телото, срцето мора дополнително да работи за да пумпа кислород низ телото. Тоа може да предизвика неправилна работа на срцето или да доведе до зголемен број отчукувања. Покрај тоа, треба да се биде внимателен и да се побара лекарска помош бидејќи екстремните ситуации може да доведат до проблеми во работата на срцето.

4. Вртоглавици и главоболки

Недостигот на железо може да го ограничи протокот на кислород во мозокот па почесто се јавуваат главоболки и вртоглавици, почест проблем кај жените.

5. Бледа кожа

Хемоглобинот во црвените крвни клетки е тоа што и дава црвена боја на крвта. Кога има недостиг на железо, производството на хемоглобин страда во тој процес, поради што кожата ја губи розовата боја и топлина. Кожата на лицето, непцата, ноктите може да стане побледа. Тоа се појавува кај луѓе кои страдаат од умерена или тешка анемија и во тој случај треба да се побара лекарска помош.

6. Отечен јазик

Ако имате воспален, отечен јазик или уста, голема е веројатноста дека ви недостига железо во телото. Постојат уште некои симптоми во устата кои укажуваат на недостаток на железо, а тоа се сува уста, пецкање и болни црвени пукнатини на страните од устата, пишува Times of India.

Тагови
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе