Не ја измил косата 6 години - тврди дека затоа не му паѓа

Вистина е дека опаѓањето на косата кај мажите е еден од нивните најголеми кошмари, а барајќи различни начини да го спречи тоа да се случи, овој човек дури се откажал од миење.

Неодамна на TikTok се појави видео од Јужноафриканец кој пред шест години кренал раце од миење на косата и користење производи како шампон и регенератор, а денес, како што тврди тој, тоа е причината поради која има здрава и бујна коса.

Ник Котзи од Кејп Таун бил студент кога почнал да се соочува со опаѓање на косата кое од ден на ден се засилувало.

На крајот дошол до точка кога почнал да наоѓа влакна на облеката, па затоа и признава дека морал секој ден да носи со себе резервна облека за пресоблекување.

„На часовите носев резервна кошула. Знаев дека до крајот на првото предавање облеката ќе ми биде покриена со коса“, вели тој во видеото што го погледнале над 10 милиони луѓе.

@_nickcoetzee Haven’t washed it in years ✋🏼 #nopoomethod #hairloss #hair #hairtok #fyp ♬ Paris - Else

Во потрагата по решение, Ник сфатил дека различните хемикалии во производите за коса што секојдневно ги користел можеби се виновни за неговото прекумерно опаѓање на косата. Така, решил да ги исфрли сите и да престане целосно да ја мие косата.

„Изненадувачки, мојата коса стана многу поздрава“, рече Ник на кого ова му е шеста година од неговата последна употреба на шампон и регенератор.

Тој, исто така, открил движење наречено nopoomovement на кое му се придружуваат луѓе ширум светот кои, исто како Ник, веруваат дека производите за коса во суштина се измами поради различните хемикалии што ги содржат.

„Можеби мислите дека ако престанете да ја миете косата ќе ви стане мрсна, но тоа трае околу две или три недели. После тоа вашите природни масла се враќаат. Косата се ослободува од сите силни хемикалии за конечно да биде здрава без да морате да ја миете“, објаснува Ник.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Живот

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Read more

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Read more

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Read more

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе