Не може така лесно да се ослободиш од легенда како Инѕаги

Еден од најголемите италијански напаѓачи во историјата, Филипо Инѕаги, наиде на чудна ситуација на клупата на Бреша, каде што му се закануваше отказ.

Бреша се наоѓа на третото место во Серија Б, а пред почетокот на сезоната важеше за фаворит број еден за промоција во елитните редови на италијанскиот фудбал.

Сепак, фрапантно е тоа што сакаа од клубот сакаа да го тргнат Инѕаги, бидејќи Бреша е на само два бода од лидерската позиција. Сепак, челниците на клубот се решија на ваков потег бидејќи клубот на последните четири натпревари забележа три нерешени средби, а управата очекуваше победи.

Спасот за Инѕаги стигна сосема неочекувано во последен момент, а причина е необичната клаузула во договорот меѓу популарниот Пипо и Бреша.

Wild situation: Brescia was about to sack Inzaghi to replace him with Diego Lopez but they've now realized they aren't...

Posted by Italian Football TV - IFTV on Tuesday, February 8, 2022

Во договорот стои дека Инѕаги не може да добие отказ доколку тимот се пласира меѓу осумте најдобри на табелата во Серија Б. Клубот заборави на тоа, па дури и му најде замена. Станува збор за Диего Лопес, кој требаше да биде наследник на легендарниот напаѓач на Милан.

Така Инѕаги ќе остане на клупата на Бреша барем уште некое време. Од друга страна, Лопес ќе чека тимот да падне под осмото место или ќе си најде друга работа.

Инѕаги се посвети на тренерската кариера по брилијантната играчка кариера во која ги освои речиси сите трофеи во светот на фудбалот.

Во Милан и Јувентус освои две ЛШ титули, три Скудета, Интертото купот, Копа Италија, италијанскиот Суперкуп, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.

Тој го подигна и најголемиот трофеј во светот на фудбалот, освојувајќи ја светската титула со Италија во 2006 година, а со младата репрезентација беше и европски првак. За големи достигнувања беше одликуван со престижниот Орден за заслуги на Република Италија.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе