Не се очекува проблематизирање на јазикот од Бугарија за договорот Фронтекс-Северна Македонија

Во Европската Комисија и во Советот на ЕУ објаснуваат дека по компромисот со Бугарија, деблокирањето на договорот за Фронтекс со Северна Македонија ќе се третира приоритетно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Северна Македонија, овој договор со ЕУ го иницираше во 2018, но во меѓувреме Фронтекс (т.е. Европската гранична и крајбрежна агенција која ги „чува“ границите на ЕУ) претрпе повеќе законски и правни измени, кои мораат сега да бидат предмет на повторни преговори во ЕУ за да се актуелизира договорот со Северна Македонија за да биде во согласност со моделот кој важи за сите земји учеснички.

Процедурата се води согласно членот 218 на Повелбата на ЕУ.

Главните измени кои треба да се внесат во договорот се однесуваат, меѓу другото, на дозволата за распоредување на агенцијата во земји кои не се членки на ЕУ, надзор врз шверц на мигранти, засилена заштита и мониторинг на основните човекови права, посебно откако оваа агенција беше предмет на повеќе скандали поврзани за односот на нејзините гранични офицери кон бегалците и мигрантите на надворешните граници на ЕУ.

Овој нов модел на Фронтекс треба да биде интегриран во актуелизираниот договор со Северна Македонија, за што е потребно Европската Комисија прво да препорача почеток на преговори, а Советот на ЕУ (земјите членки) да дадат зелено светло за тие преговори.

Се очекува, Европската Комисија доста брзо да ја издаде препораката и Советот да даде зелено светло за преговори. Изворите на МИА во Комисијата и Советот не сакаат да шпекулираат со датуми, но се надеваат дека меѓу оваа есен и крајот на годината договорот би бил финализиран, а потоа и ратификуван.

За потсетување, договорот за Фронтекс до сега беше блокиран поради одбивањето на Бугарија да ги прифати зборовите „македонски јазик“ во текстот.

Според најавите на Бугарија, не се очекува проблематизирање на јазикот овојпат, а претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска дека „договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без цртички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“, што се смета за потврда дека македонскиот јазик во овој договор нема повеќе да биде проблем и предмет на блокади.

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе