Не се смируваат односите меѓу Анкара и Париз, Ердоган повика на бојкот на француските производи

Односите меѓу Франција и Турција продолжуваат да се влошуваат, имено претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги повика Турците да ги бојкотираат француските производи, додавајќи им со тоа додатни аргументи на критиките што ги упатуваат кон Емануел Макрон на Блискиот исток по неодамнешните забелешки за одбрана на слободата на изразување за карикатурите на пророкот Мухамед.

– Исто како што во Франција некои велат „не купувајте турски брендови“, јас од тука ѝ се обраќам на мојата нација: пред сè, не обрнувајте внимание на француските брендови, не ги купувајте, рече Ердоган во својот говор во Анкара.

Турскиот претседател го спореди и односот кон муслиманите во Европа со оној кон Евреите пред Втората светска војна, обвинувајќи некои европски лидери за „фашизам“ и „нацизам“. „Кампања за линчување слична на таа против Евреите во Европа пред Втората светска војна се води против муслиманите“, рече тој.

– Европските официјални лица мора да кажат стоп за кампањата за омраза што ја води Макрон, рече Ердоган.

Претседателот Емануел Макрон, кој е предмет на новата полемика со Турција и повикот за бојкот на француските производи во арапскиот свет, пушти неколку твитови во кои се потврдуваат неговите вредности, и особено се истакнува неговото одбивање на „говорот на омраза“.

– Слобода, ја цениме; еднаквост, ние го гарантираме тоа; братство, ние го живееме со интензитет. Ништо нема да нè натера да се повлечеме, никогаш, напиша Макрон, кој исто така твиташе верзии на англиски и арапски јазик.

– Нашата историја е борба против тиранијата и фанатизмот. Ни ќе продолжиме, продолжува тој: „Ќе продолжиме. Ние ги почитуваме сите разлики во духот на мирот. Ние никогаш не прифаќаме говор на омраза и се залагаме за разумна дебата. Ќе продолжиме. Ние секогаш ќе застанеме на страната на човечкото достоинство и универзалните вредности“.

Емануел Макрон твитна неколку минути по реченицата на англиски јазик „Ние сме ЕДНИ“, со поднаслов „ние сме обединети“. Фразата „Ние сме едно“ се појавува во песната „One“, од групата U2, избрана од семејството на Самуел Пати за време на церемонијата на оддавање почит, во дворот на Сорбона, на професорот убиен од исламист.

Франција ги повика владите на засегнатите земји да ги „запрат“ повиците за бојкот на француските производи, како и демонстрациите што беа започнативо  муслиманскиот свет по неодамнешните забелешки на претседателот Емануел Макрон за исламот, во контекстот на почитта кон сеќавањето на Самуел Пати.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе