Недостаток на сон - поголем ризик да се разболите од грип

Истражувања покажаа дека оние коишто не спијат доволно имаат поголеми шанси да се разболат од грип и различни вируси бидејќи им опаѓа имунитетот и тогаш се почувствителни.

Сонот е важен за правилно функционирање, концентрација, мотивација и успешно извршување на секојдневните обврски, но и покрај честите предупредувања и советите, луѓето не се придржуваат до правилото да спијат 8 часа, туку гледаат серии до доцна во ноќта.

Докторката Ребека Робинс објасни што се случува во мозокот кога спиеме само 6 или помалку часа и што се случува во нашето тело кога спиеме еден час повеќе.

„Ако спиете 8 часа, а наредната вечер 6 часа - се менува ритамот на телото и му испраќате порака дека се прилагодувате на друга временска зона. Секое следно заминување во кревет е предизвик за него и на тој начин се создава конфузија. Токсините кои ги испушта мозокот може да доведат до сериозни компликации и проблеми како што е деменција“, вели таа.

Истражувањата покажуваат дека оние коишто не спијат доволно имаат поголема шанса да се разболат од грип и различни вируси бидејќи опаѓа имунитетот и луѓето стануваат чувствителни.

Најважно е да имате распоред за спиење и будење бидејќи тоа е клучно за добра здравје. Многумина сметаат дека рутина за спиење им е потребна само на децата, но е неопходна и на возрасните.

Не користете телефон пред спиење туку одвојте неколку минути за медитација за да заспиете полесно, пишува LADBible.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе