Неизвесна судбината на СЈО и по лидерската на Заев и Мицкоски

Скопје, 11 септември 2019 (МИА) – Останува неизвесна судбината на Специјалното јавно обвинителство и на предметите што ги отвори ова обвинителство. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, по маратонскиот шестчасовен обид не успеаја да најдат решение за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

До раните утрински часови немаше суштински напредок и доближување на ставовите на двата преговарачки тима. Новинарските екипи по два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.

Клучната разлика околу која се кршеа копјата меѓу двата тима беше судбината на предметите на СЈО.

Според извори од преговарачкиот тим на власта, ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017 година. Власта, како што велат, понудила да се формира ново обвинителство за висока корупција на чие чело ќе биде јавен обвинител предложен од опозицијата, а поддржан од 61 пратеник, кој ќе може да покренува предмети доколку се утврди дека има криминал и во власта. Опозицијата барала кај него да бидат префрлени и предметите од пргвите 18 месеци отворни од СЈо барајќи можност за нивно застарување, одоговлекување и оневозможување на нивните судски заршници.

Од средбата се очекуваше решение за Законот за ЈО кој треба да се донесе најдоцна до 15 септември со двотретинско мнозинство во Парламентот. Законот е во собраниска процедура и е почната амандманската расправа за него.

До 15 септември завршува и мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор како осомничена во случајот „Рекет“. Јанева со известување од затворот даде овластување сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство. Оттаму денеска потврдија дека испратиле допис до СЈО за преземање на предметите. 

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе